Н1 одби да го прими Вучиќ во предизборна програма, жестоки реакции и обвинувања за цензура

Од:

 

Одлуката на телевизијата Н1 да не му овозможи на Александар Вучиќ да ја претставува изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ во предизборната програма предизвика жестоки политички реакции, меѓусебни обвинувања и нова расправа за медиумските слободи во Србија. Спорот ескалираше откако редакцијата соопшти дека Српската напредна странка може да испрати друг претставник, додека на Вучиќ му понуди интервју по изборите на 25 октомври.

Од Н1 образложија дека Вучиќ со години одбивал да гостува на телевизијата, а истовремено ги навредувал нејзините новинари, нарекувајќи ги „олош“, „терористи“ и „странски платеници“, обвинувајќи ги и дека поттикнуваат насилство и ја уриваат државата. Редакцијата оцени дека во такви околности тој не треба да биде претставник на изборната листа во предвидениот термин за политичко претставување.

Вучиќ реагираше од предизборниот собир во Чачак, оценувајќи ја одлуката како „чист фашизам“. Тој тврдеше дека Н1 му забранила гостување затоа што не може да поднесе 24 минути во кои би одговорил на, како што рече, десет години лаги за него. Притоа порача дека е горд на реакцијата на телевизијата, претставувајќи ја како доказ дека неговото појавување им пречи на уредниците.

Претседателката на српското Собрание и в.д. претседателка на државата, Ана Брнабиќ, застана зад Вучиќ и ја нападна одлуката на Н1, споредувајќи ја со нацистички методи. Таа најави дека случајот ќе го пријават до надлежните институции, дополнително продлабочувајќи го судирот меѓу владејачката партија и телевизијата.

Реакциите продолжија и денеска. Маркетиншкиот експерт Небојша Крстиќ ја оцени одлуката како директна цензура и дехуманизација, тврдејќи дека Вучиќ е единствениот кому му е ускратено вакво гостување. Поранешната министерка Зорана Михајловиќ, исто така, оцени дека Н1 направила грешка, додека други коментатори ја отворија дилемата за независноста на медиумите и односот кон политичарите со спротивставени ставови.

Во центарот на спорот е прашањето дали Н1 која се претставува цело време за бастион на слободното новинарство воопшто со таквата одлука му помогна на владеачката партија која со години тврди дека е платеничка телевизија која работи на смена на Вучиќ.

 

Би можело да ве интересира

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне