Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и нереди, како и за попречување на правдата

Од:

По налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, Министерството за внатрешни работи – конкретно Полициската станица „Вождовац“ – издаде налог за приведување на Драган Ј. Вучиќевиќ, директор и главен уредник на „Информер ТВ“.

Според информациите, тој е уапсен под сомнение за сторено кривично дело предизвикување паника и неред (во континуитет), како и кривично дело попречување на правдата.

Од Обвинителството соопштија дека осомничениот утре ќе биде изведен пред јавен обвинител во Второто основно јавно обвинителство во Белград на распит, при што ќе биде поднесена и кривична пријава.

Вучиќевиќ е лишен од слобода утрово, на само 50 метри од телевизиската станица.

Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС), денеска за време на собраниска седница изјави дека Драган Ј. Вучиќевиќ е уапсен поради – како што рече тој – „неговата новинарска работа“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за апсењето на Драган Вучиќевиќ: „Срамота во современа Европа, уапсен е поради својата новинарска работа“

Горан Наумовски

Уапсен e сопственикот на „Информер“

Горан Наумовски

Брнабиќ ја обвини „Студентската листа“ дека стои зад повиците за апсење на Вучиќ

Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Горан Наумовски

Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија