Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

Од:

Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“, денеска изјави дека наместо свечен ден во Народното собрание, се случил инцидент за кој никој не се извинил.

„Денес требаше да биде свечен ден – верификација на мандатите и почеток на изборот на телата на Народното собрание, вклучително и претседателот, потпретседателите и секретарот на Народното собрание. Овој процес обично трае два до три дена. Меѓутоа, денес, за првпат, наместо празнична атмосфера и честитки, бевме сведоци на брутален напад врз пратеничката Лидија Вукиќевиќ – чија единствена ’вина‘, се чини, беше тоа што влезе низ главниот влез на Собранието“, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека при пристигнувањето во Народното собрание, Вукиќевиќ била пречекана со застрашувачки извици и најгнасни навреди; била фатена, повлечена за половината, а на крајот и полиена со јогурт. Вучиќ истакна дека таа е истакната драмска уметница, омилена во јавноста – барем сè додека одредени поединци не ја отруја атмосферата, етикетирајќи ги своите политички противници како непријатели кои треба да бидат жигосани и цел на напад каде и да се појават.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јогурт врз пратеничка пред српското Собрание: Србија ги смени властите, но не и политичките навики

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Вучиќ открива пет приоритети за идната влада: Повисоки плати и пензии, бесплатна здравствена заштита и нови инвестиции

Горан Наумовски