Мал авион се урна североисточно од Драјмен, во областа Стирлинг во Шкотска, при што загинаа две лица, соопшти шкотската полиција.
Службите за итни случаи биле повикани околу 16.45 часот по добиени извештаи за авионска несреќа, пренесува „Скај њуз“.
Од полицијата наведоа дека 80-годишен маж и 16-годишно момче биле прогласени за мртви на самото место.
