Тешка авионска несреќа во Сибир: Се урна руски воен авион, загинаа 17 лица

Од:

Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во Кемеровскиот регион, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица во него, објави весникот „Известија, повикувајќи се на информиран извор.

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот.

Претходно беше објавено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во Кемеровскиот регион, е прелиминарно идентификуван како воен авион „Ан-12“.

Причините за инцидентот сè уште не се разјаснети.

Гувернерот на Кемеровскиот регион, Иља Середјук, објави дека навистина имало авионска несреќа во близина на селото Јагуново, а службите за итни случаи се на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Кремљ им порача на пратениците да бидат подготвени за прекин на огнот и победа

Путин: Поранешните колонијални сили сакаат да ја задржат контролата врз другите земји

Медведев: Заострувањето на санкциите против Русија ќе им наштети на Американците

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО