(ВИДЕО) Ескалација во Албанија: Демонстрантите запалија министерство и полициска станица во Тирана

Од:

Насилни судири избувнаа во Тирана за време на шестиот антивладин протест, при што демонстрантите запалија делови од владини објекти и полициска станица. Ситуацијата во главниот град на Албанија дополнително се влоши, а полицијата употреби големи количества солзавец за да ја растера толпата.

Најжестоки инциденти беа регистрирани на плоштадот „Скендербег“ и долж булеварот „Маченици на нацијата“. Демонстрантите фрлаа камења, палки, молотови коктели и пиротехнички средства кон полицајците, додека безбедносните сили се обидуваа да ја стават ситуацијата под контрола.

Во текот на протестите беше запален дел од зградата на Министерството за инфраструктура и енергетика, влезната врата на Министерството за внатрешни работи, како и полициската станица број 3, на улицата Мине Пеза. Според медиумските извештаи, пожарот во полициската станица избувнал во делот кај рецепцијата, а постоеле сомневања дека во објектот во тој момент се наоѓале и неколку лица.

Во судирите беа повредени повеќе полицајци, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во болница. Полицијата интервенирала за да ги изгасне пожарите и да спречи натамошно ширење на насилството.

Протестите започнаа поради незадоволството од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите. Демонстрациите, меѓутоа, прераснаа во поширок антивладин протест против владата на премиерот Еди Рама, при што демонстрантите бараат негова оставка.

Би можело да ве интересира

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нов голем протест во Албанија – запалени канти за отпадоци, полицајците ги гаѓаа со камења

А1он

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне