Повреден пратеник на протестот во Тирана – полицаец пукал во него со гумени куршуми

Од:

Пратеникот од Демократската партија за округот Скадар – Клити Хоти, е повреден на денешниот протест во Тирана, откако полицаец пукал во него со гумени куршуми.

На Хоти му била укажана прва помош на самото место, а од снимките се гледа дека бил погоден во грб.

Потоа, тој бил префрлен на Клиниката за трауматологија, каде што му се укажува медицинска помош.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, остро реагираше на постапките на полицијата и на прес-конференција изјави дека нападот врз Хоти има политичка заднина, додека на социјалните мрежи напиша дека Хоти бил застрелан по наредба на премиерот Еди Рама.

„Пратеникот на Демократската партија, Клити Хоти, беше застрелан по наредба на Еди Рама! Демократската партија остро го осудува овој криминален напад, чија цел била убиство на пратеникот, и му гарантира на ’чесниот‘ Еди Рама дека ќе го добие одговорот што го заслужува! Демократи, сите на нозе! Денес или никогаш!“, изјави Бериша, пренесува „Euronews Albania“.

Покрај Хоти, уште десет лица побарале медицинска помош на Клиниката за трауматологија, а тројца од нив се задржани на лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов голем протест во Албанија – запалени канти за отпадоци, полицајците ги гаѓаа со камења

А1он

(ВИДЕО) Ескалација во Албанија: Демонстрантите запалија министерство и полициска станица во Тирана

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Американски државјанин се повреди при слетување со параглајдер во Битолско

Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово

Гостиварец e тешко повреден откако падна од четирицикл во шумски предел

Горан Наумовски