Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвика внимание во јавноста откако за време на интервју изнесе низа провокативни коментари на сметка на Велика Британија.
Говорејќи во порелаксиран студиски формат, Нетанјаху ја искористи можноста за саркастични коментари за британското општество, притоа осврнувајќи се и на главниот израелски ривал – Иран.
За време на разговорот, израелскиот премиер се осврна на демографската и политичката состојба во Европа, при што директно го посочи Лондон.
„Британија би можеле да ја наречете ‘Исламска Република Британија’“, рече Нетанјаху.
За дополнително да ја нагласи својата провокативна порака, тој цитираше неименуван извор.
„Некој рече дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламска Република Британија“, изјави израелскиот премиер.
Сепак, острата забелешка на сметка на европскиот сојузник послужи како вовед во главната порака на Нетанјаху, насочена кон Иран.
Надоврзувајќи се на коментарот за Британија и нејзиниот нуклеарен арсенал, Нетанјаху порача:
„Ние се грижиме да нема уште една таква, знаете, во Иран.“
Иако коментарите беа изнесени во навидум опуштен тон, тие претставуваат сериозна дипломатска провокација кон Велика Британија.
Останува да се види како официјален Лондон ќе реагира на ваквите изјави на израелскиот премиер.
