ВИДЕО: Американците нападнаа товарен број кај Иран

Од:

Американската војска нападна товарен брод во Оманскиот Залив, откако неговиот екипаж, според тврдењата на американските сили, ги игнорирал повеќекратните предупредувања и се обидел да ја пробие поморската блокада на Иран.

Американски борбен авион го погоди задниот дел на бродот „М/В Оушн Молица“, познат и како „Арика Сан“, кој плови под панамско знаме. Со прецизно наведувана ракета бил онеспособен погонскиот систем на бродот, а никој од членовите на екипажот не бил повреден, соопшти американската Централна команда (CENTCOM).

Според американските тврдења, бродот претходно испловил од иранско пристаниште и се обидел да продолжи со пловидбата и покрај блокадата.

Американските сили на 14 јули повторно ја воспоставија поморската блокада за сите бродови што влегуваат во иранските пристаништа или испловуваат од нив.

Од Централната команда наведуваат дека во последните три месеци биле онеспособени четири комерцијални бродови, додека уште 135 биле принудени да се вратат.

Во истиот период американската војска уништила и десет танкери за кои тврди дека се поврзани со мрежата на Иранската револуционерна гарда за заобиколување на санкциите.

„На сите поморски екипажи им се препорачува да ги почитуваат предупредувањата на CENTCOM за блокадата“, соопшти американската команда.

Екипажите беа повикани да ги следат официјалните поморски известувања и да контактираат со американските поморски сили преку радиоканалот 16 додека пловат низ Оманскиот Залив и приодите кон Ормускиот Теснец.

Нападот се случи во време на сè поголеми проблеми со поморскиот сообраќај во регионот поради војната на САД и Израел против Иран, која започна кон крајот на февруари.

Според Ројтерс, бројот на бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец падна на најниско ниво во повеќе од два месеца, откако нападите врз танкери минатата недела ја достигнаа најголемата зачестеност од почетокот на војната.

Ормускиот Теснец е една од најважните поморски рути за светската трговија со енергенси. Пред војната, низ него минуваше количество нафта што одговараше на приближно една петтина од светската потрошувачка.

Американската војска и претходно со сила запираше бродови што се обидуваа да ја пробијат блокадата. Во мај, борбен авион Ф/А-18 од носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ со топовски оган го онеспособи кормилото на иранскиот танкер „Хасна“, кој се обидувал да влезе во иранско пристаниште.

Ројтерс не успеа веднаш да стапи во контакт со операторот на бродот „Оушн Молица“ за коментар за најновиот напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Калибаф: „Оние што го следат Александар Велики ќе ја доживеат судбината на римскиот император Валеријан“

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Катерина Ѓуровски

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Американската војска го напушти Ирак