Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за започнување војна против Иран пред изборите и во Израел и во САД, наведувајќи ги како една од причините загрижувачките нови потези на Техеран во врска со неговата нуклеарна програма, објави денеска израелскиот „Канал 12“, повикувајќи се на американски и израелски официјални лица.

Според изворите, Нетанјаху во текот на изминатите две недели неколкупати разговарал со Трамп за можноста за започнување воени операции од голем обем против Иран, вклучително и заеднички американско-израелски напади врз воени цели и нуклеарни постројки.

Американските официјални лица, како што пренесе „Канал 12“, стекнале впечаток дека Нетанјаху сакал нападите да се случат пред изборите, додека еден израелски функционер изјавил дека Трамп првично бил склон да даде „зелено светло“, но подоцна изгубил интерес за таа идеја.

Би можело да ве интересира

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски

Избори во САД: Гласачите одлучуваат за политичката моќ на Трамп