Украинскиот претседател Володимир Зеленски „директно се вмеша“ во изборната кампања на Унгарија напаѓајќи ја унгарската влада, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој објави на Фејсбук дека политичките напади од Украина достигнале ново ниво во текот на изминатата недела.
– Кога Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаното пристапување на Украина во ЕУ, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ, рече Орбан.
Орбан истакна дека Унгарците јасно ставија до знаење на анкетата во 2025 година дека не сакаат Украина да стане членка на ЕУ.
„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ја спроведам одлуката на унгарскиот народ. И ќе го правам тоа, одново и одново. Без разлика дали на претседателот Зеленски му се допаѓа или не“, заклучи Орбан.
