Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

Од:

Руското воено раководство најави напади врз украинската енергетска инфраструктура и стратешките мостови, додека рускиот претседател Владимир Путин повика на продолжување на масовните напади врз Украина, пренесува рускиот медиум „24 Канал“.

Според соопштението од Кремљ, Путин го посетил истурениот команден пункт на здружените руски сили и одржал состанок со военото раководство.

Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на вооружените сили на Русија, изјави дека руските сили започнале напади од големи размери врз енергетскиот систем и логистичките премини во Украина. Военото раководство исто така најави планови за гаѓање на стратешките мостови, наведувајќи дека таквите напади би можеле ефективно да го поделат Киев на два дела, долж двата брега на реката.

„Неопходно е да се продолжи со масовни и концентрирани напади врз Украина“, нареди Путин.

Герасимов понатаму тврдеше дека руските сили ги зазеле Добропилја и Олексијево-Дружковка и дека напредуваат кон регионите Суми и Запорожје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека целосното заземање на регионот Доњецк останува една од главните цели на руското раководство. Според извештаите, Путин ја отфрлил можноста воспоставувањето на таканаречена „тампон-зона“ да биде предмет на преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел изјави дека Русија не размислува за замрзнување на конфликтот. Според него, Москва сака не само да ги заземе источните делови на Украина, туку и да ја тестира издржливоста на Европа и НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина

Маск: Американската војска ја одредува брзината на „Старлинкот“ за украинското оружје