Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија нападнала повеќе од 15 клучни објекти за производство и пренос на електрична енергија во различни делови на Украина, користејќи над 320 беспилотни летала, како и крстосувачки и балистички ракети.

Според него, нападите се случиле во периодот од 19:00 часот на 16 октомври до утринава, што претставува еден од најголемите удари врз енергетскиот сектор на Украина, пренесува „Укринформ“.

Зеленски истакна дека ситуацијата е најтешка во Луцк, Ривне, Житомир, Виница, Шепетивка, Славута и Нетишин, додека енергетска инфраструктура била погодена и во Харков, Киев, Днипро и други региони.

Зеленски наведе дека се во тек работи за санација, при што се мобилизирани надлежните служби и расположливите ресурси на енергетските компании.

Тој додаде дека Русија ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура во обид да ги исцрпи резервите на Украина и нејзините капацитети за поправки.

Украинскиот претседател предупреди дека Москва се обидува да предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење за милиони луѓе, и ги повика меѓународните партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина и да го зголемат притисокот врз Русија.

Истовремено, Зеленски изрази благодарност до европските партнери за пакетите помош што ги подготвија, пренесува „Танјуг“. Според украинските власти, вчера биле нападнати енергетски објекти во регионите Киев, Харков, Ривне, Волин и Одеса, додека напади биле забележани и во регионите Виница, Доњецк, Запорожје, Житомир, Тернопил и Хмелницки во текот на ноќта од петок кон сабота, како и во саботата наутро.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната