Антирускиот став на Европската унија всушност го исклучува Брисел од преговарачкиот процес за европската безбедност, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, во интервју за „РИА Новости“.
– Токму овој став – кој подразбира дека Европската унија има намера да гради безбедност не *со* Русија, туку *против* Русија – ја исклучува од преговарачкиот процес. Целта на еден таков процес, како што истакна нашиот претседател, првенствено треба да биде создавање безбедносна архитектура што ќе ги почитува легитимните безбедносни интереси на Русија, рече Грушко на маргините на 20-тата седница на Руско-турската меѓувладина комисија.
На 19 ноември, во кинескиот град Шенжен, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва прво мора да утврди какви предлози Европа е подготвена да изнесе на преговарачката маса, пренесува „Спутник“.
Според неговите зборови, Русија преку дипломатски канали ги поканила европските претставници да дојдат во Москва, со цел руската страна да ги сослуша нивните ставови за решавање на конфликтот во Украина.
Потоа, германскиот канцелар Фридрих Мерц изразил подготвеност за разговори, но предложил тие да се одржат на неутрална локација, наместо во руската престолнина.
