Макрон: Испраќаме воен брод во Гренланд

Од:

Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници во Гренланд, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Иако не се осврна директно на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на територијата, Макрон предупреди на појава на „нов колонијализам“ и изјави што „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.

Макрон ги даде овие забелешки во своето годишно новогодишно обраќање до припадниците на француските вооружени сили, истакнувајќи дека мал број француски војници веќе се испратени во Гренланд на барање на Данска. Таму тие им се придружија на силите од Норвешка, Шведска и Германија.

„Нашите војници ќе бидат дополнително зајакнати во наредните денови со копнени, морски и воздушни сили“, рече Макрон. Тој не даде детали, но според достапните информации, барем еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон Северниот Атлантик.

Макрон рече дека соодветната улога на Франција е да биде „со суверена држава за да ја заштити својата територија“, рече тој во обраќањето до армијата.

Иако овие распоредувања официјално се претставени како сигнал за подготвеноста на НАТО да го брани Гренланд од потенцијални закани од Русија или Кина, другите изјави на Макрон силно сугерираат дека военото засилување е одговор на американските закани.

„Нов колонијализам е на дело на некои места“, рече Макрон. „Постои дискурс што сее сомнеж, дури и меѓу сојузниците“. Тој додаде дека денес Европа има „конкуренти што не ги очекувала“ и дека живееме во свет каде што „силите на дестабилизација се разбудија“, рече Макрон.

Француските претставници истакнаа дека Париз не очекува неговите сили да бидат нападнати од сојузниците на САД во рамките на НАТО. Целта на распоредувањето не е воена конфронтација, туку политички и симболичен ефект.

Според француските претставници, распоредувањето на силите е насочено кон јавното мислење во Соединетите Држави, а особено во рамките на американските вооружени сили.

Минималното европско воено присуство, признаваат француските претставници, не би можело да го брани Гренланд од американски напад. Но, европските земји се надеваат дека таков потег би можел да го принуди американскиот претседател Доналд Трамп да ги преиспита своите ставови и да ги зајакне оние гласови во Соединетите Држави кои веќе го осудија неговиот агресивен јазик кон сојузниците, велат француски извори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неколку земји испратија војници на Гренланд во текот на ноќта

ВИДЕО: Гренланд не сака со САД, Трамп не се откажува – што донесе состанокот во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Трамп предупредува: Кина и Русија не можат да го земат Гренланд, но САД можат

Трамп: НАТО треба да ни помогне да го добиеме Гренланд

„Билд“: Германија ќе ги испрати првите војници во Гренланд оваа недела

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“, земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Горан Наумовски