ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Од:

Додека Венко Филипче преку социјалните мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат затворени дома, да носат маски и да не излегуваат без потреба, неговиот сопартиец и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, во исто време организираше партиски концерти и ги канеше луѓето на забава во среде град.

Ова е врв на лицемерието на СДС, едно за народот, друго за нив. Граѓаните да седат дома и да се гушат во чад, а функционерите на СДС да се веселат на сцена, со музика и аплаузи. Таква дрскост и дволичност не памети Скопје.

Филипче, кој како министер ја остави Македонија прва по смртност и загадување во Европа, денес повторно држи лекции за здравје. А неговиот сопартиец Герасимовски, кој не успеа да реши ниту еден суштински проблем на Центар, наместо одговорност, нуди забави и концерти додека градот гори.

Лицемерието е потполно – за граѓаните маски, затворени прозорци и страв; за СДС – бината, рефлекторите и аплаузите.

Оваа дрска злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари за да создаде хаос пред избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар