СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Од:

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место, велат од СДСМ.

– Разликата со најбогатите европски економии останува огромна – Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител. Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала.

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година. Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост. Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. Пари во буџетот нема, но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 ноември 2026 изнесува 200,40 евра за мегават час, на МЕМО 211,11 евра за мегават час

Бакарот станува стратешки ресурс, светот се соочува со ризик од недостиг

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот