Зошто Викторија Бекам никогаш не се смее?

Од:

Таа е убава, има четири здрави деца, успешна модна империја и еден тон пари, но Викторија Бекам изгледа толку несреќно. Зошто?

„Доволно се смеев на сликите претходно“, вели поранешната членка на женската група „Spice Girls“ во интервју за „Glamour“, списание во кое таа работеше и како уредник.

„Мислам дека престанав да се смеам кога влегов во светот на модата. Таа ја украде мојата насмевка. Јас ја создадов новата Викторија. Не велам дека тоа не сум јас, туку тоа е само еден оклоп кој го носам “, објасни сопругата на еден од најполураните фудбалери Дејвид Бекам.

Во септември минатата година, само два месеци по раѓањето на ќерката Харпер, Викторија промовираше нова колекција на модната недела во Њујорк. По тој повод сопругот Дејвид првпат присуствуваше на еден ваков настан. Претходно секогаш имаше некоја работа или тренинг.

„Јас никогаш порано не сум била толку нервозна или под толкав притисок. Му се јавив, му реков сакам да дојдеш, ми треба прегратка“. Дејвид се изненадил и веднаш пристигнал. Иако таа нема навика да го „замара“ со својата работа, сепак тогаш морала да го има покрај себе.

Таа и самата призна дека успехот бара многу вложување и напорна работа, за во иднина посакува сите да бидат живи и здрави, да успее да направи сите жени во светот да се чувствуваат поубаво, посамоуверено и моќно, а не ја исклучи можноста и за уште едно бебе.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска