ФОТО: Како денес би изгледале некои од најголемите рок ѕвезди да беа живи

Од:

Што би било, кога би било? Како би изгледале денес најголемите рок ѕвезди ако беа живи и со што би се занимавале? На овие прашања се обидоа да одговорат Sashs Media Group и Phojoe, а тоа го направија со помош на фотомонтажа и осврт на др. Риби Гарофало, меѓународно познат експерт за популарната музика и Илаја Валд – музичар , новинар Бостон Глоуб и познавач на американската музиччка историја.

Курт Кобеин (Нирвана)

Почина: 1994.

Возраст: 27

kurt-star

Судејќи според аверзијата која ја имаше кон славата, Кобеин и натаму би свирел со Нирвана, но би почнал да се впушта во помалку комерцијални проекти за да ја врати анонимноста и уметничката слобода, која ја имал на почетокот на кариерата. Веројатно би пронашол и начин за да го привлече вниманието на млади интересни музичари.

Денис Вилсон (Бич Бојс)

Почина: 1983.

Возраст: 39
denis-star
Иако неговите соло проекти би го задоволиле, Вилсон веројатно би продолжил да работи со Бич Бојс, по што би останал и најпознат. Би продолжил да настапува со матичниот бенд, но би учествувал и во „ол стар“ настапите со останатите рок легенди и повремено со нив би се впуштал во заеднички проекти. Многу веројатно е дека би снимил и заеднички албум со долгогодишната пријателка и љубовница Кристин МекВи.

Боб Марли

Почина: 1981.

Возраст: 36
marli-star
Марли, инспирираше многу музичари ширум светот, како малкумина пред него. Да живееше подолго, без сомнение, ќе ги надраснеше своите јамајкански корени и би соработувал со музичари од другите жанрови и би станал една од централните фигури во „world music“. Би соработувал со музичари од Африка, Латинска Америка и Азија, а како го земеме предвид и неговото кокетирање со останатите жанрови, би станал соработник од соништата за музичари како што се Фјуџис и Кенје Вест. Покрај сето тоа, веројатно би се залагал за правата на црнците ширум светот.

Џон Ленон

Почина: 1980.

Возраст: 40
dzon-lenon-star
Музичарот кој влијаеше на музичари како што се Боно Вокс или Боб Гелдоф, веројатно би продолжил со општествениот активизам, по кој многумина го помнат. Ако се земе предвид неговото влијание, тешко е да се одредат границите на она што би можел да го постигне, но нема сомнение дека и неговите најверни обожаватели би биле изненадени од неговите проекти. Можеби би станал првиот рокер кој би се придружил кон хип-хоп револуцијата, би се занимавал со експериментална музика, би се вратил кон корените и кој знае што ли уште не. И да, сигурно би останал со Јоко Оно.

Џенис Џоплин

Почина: 1970.

Возраст: 27
dzenis
Нејзиното темпо на живот и начинот на пеење едноставно не беа одржливи и голема е веројатноста дека во една фаза од кариерата би доживеала целосен колапс. Веројатно во раните седумдесети години. Но до почетокот на `80-те би се вратила помудра и поискусна, како и нејзините современици Џо Кокер или Тина Тарнер. Гласот веќе не би и бил ист, но над него би имала поголема контрола. Би се опкружила со најдобрите соработници и би создавала музика која не би била сурова како некогаш, но би станувало збор за посигурни, подлабоки и поднеднакво страсни албуми.

Елвис Присли

Почина: 1977.

Возраст: 42
elvis-star
Се додека Том Паркер би бил негов менаџер, тешко можат да се очекуваат драматични пресврти во стилот. Но не е чудно да се размислува дека Паркер во еден момент би отворил Елвис Гранд казино во Лас Вегас, каде кралот на рок енд ролот би настапувал долга низа на години. По смртта на Паркер, Еливис би се разгранил како и неговиот стар колега од истата издавачка куќа, Џони Кеш. Веројатно неговиот стил би го препуштил на младите рок продуценти и повторно би се вратил на блуз и кантри корените. Тоа би му донело нова публика на млади хипстери. Секако, повремено би можело да има соработка со Френк Синатра и Тони Бенет.

Џим Морисон (Д Дорс)

Почина: 1971.

Возраст: 27

morison-star
Од сите рокери од `60-те кои починаа млади, Морисон е најтешко да се одреди. Имаше толку многу интереси, а меѓу другото се занимаваше и со поезија, филм и театар. Веројатно на некој начин би бил вклучен во експлозијата на независниот филм во `70-те, а можеби би бил и првата рок ѕвезда од својата генерација која би се пронашла во панк-рок движењето и подоцнежната алтернативна сцена. Но, можеби во целост би ја напуштил музиката, би се преселил во Њујорк, Париз или Токио и би се посветил на пишувањето.

Џими Хендрикс

Почина: 1970.

Возраст: 27
hendrikss
Во времето кога почина, Хендрикс беше фрустриран со ограничувањата на рок сцената и почна да размислува за заеднички проект со Мајлс Дејвис. Тоа би отвоприло нови светови за двајцата музичари и веројатно би резултирало со ремек дело на џез-фанк фузијата. Би продолжил да се занимава со експерименти и истражување на новите технологии. Би се одалечил од поп-рок мејнстримот и би станал мост за фанк-џез музичарите, како што се Парламент, а можеби би уживал и статус на пионер на џем-бенд сцената.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска