Ерлинда Елемен ја тужи позната холивудска глумица, бидејќи како што тврди Стоун постојано ја омаловажувала, малртетирала и потоа ја отпуштила кога оваа и побарала да и го плати прекувременото работно време.
Ерлинда, во тужбата навела дека во почетокот на минатата година Стоун ја отпуштила, откако предходно ја извреѓала пореди нејзиното филипинско потекло. Во тужбата се наведува дека на Ерлинда и било забрането да зборува додека во иста просторија се синовите на Стоун, Роан, Ларид и Квин, бидејќи глумицата не сакала дадилката да ги научи да зборуваат на англиски со лош акцент.
Портпаролот на Стоун изјави дека сите обвинувања од поранешната дадилка се неосновани и дека нивниот адвокат тоа ќе го докаже на суд.