Џесика Бил: Џастин е мој вереник

Од:

Американските медиуми уште во декември минатата година објавија дека убавата глумица Џесика Бил и поп ѕвездата Џастин Тимберлејк се вериле, но се досега тие двајца на оваа тема само мистериозно се смешкаа.

Сепак Џесика за време на гостувањето во „The Tonight show with Jay Leno“ потврди дека се верени и среќни и дека раздвоеноста поради деловните обврски не им претставува никаков проблем. Додека Џастин во Порторико работи на новиот филм, Џесика му прави друштво.

„Бев во Порторико кај вереникот. Тој таму снима филм, а јас малку се одмарав. Тоа беше најубаво минат одмор во мојот живот. Беше незаборавно“, се пофали Џесика.

Сепак официјалното „Да“ се уште нема да го кажат бидејќи двојката не е подготвена за „така сериозен однос“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска