Чешката манекенка Каролина Куркова ќе биде дел од тричленото жири на новото американско шоу за идни надежни супер моделки „Лицето“.
Победничката на шоуто ќе стане „лице“ на некој од познатите брендови чии имиња се уште не се соопштуваат во јавноста.
Останатите две членки на поротата ќе бидат познатите манекенки Наоми Кембел и Коко Роша.
Снимањето на шоуто се планира за септември, а прикажувањето ќе биде идната година.
Манекенското трио ќе формира свои тимови кои ќе бидат дел од кастинзи и свечени настани.
„Јас сум прилично добар човек, но знам дека кога некој нешто сака да постигне мора да биде силен и бескомпромисен“, изјави 28 годишната Куркова, која е поранешна гимнастичарка.