Актерката Деми Мур конечно најде ново момче, со кој се обидува да го преболи разделувањето со Ештон Качер.
Списанието „Life&Style“ објави фотографии на кои Деми е во друштво со дванаесет години помладиот новозеландски актер, Мартин Хендерсон.
Според пишувањето на списанието, двојката престојувала во Конектикат, а времето го минувале на романтички ручеци и вечери.
Иако кружеа приказни дека е многу скршена поради романсата на поранешниот сопруг и колешката, изгледа дека вистината е целосно поинаква. Деми, првпат после многубројните снимања, е со насмевка на лицето.