Ќерката на Цеца има момче фудбалер

Од:

Иако има само 14 години ќеката на Цеца веќе има момче. И тоа фудбалер.

Анастасија Ражњатовиќ на својот фејсбук профил објави слика како се бакнува со фубалерот Немања Залад, син на на познатиот голман Раде Залад.

Инаку Залад бранеше во Партизан, додека покојниот Жељко Ражњатовиќ Аркан, сопругот на Цеца и татко на Анастасија, беше лидер на навивачката група на Црвена Ѕвезда.

Но не само што не им пречат годините, туку ниту овој факт не ги спречи младите Анастасија и Немања да постираат фотографии на своите фејсбук профили како се опсипуваат со бакнежи и прегратки.

Дека за оваа „романса“ Анастасија има благослов од својата мајка, познатата фолк пеачка Цеца, наводно сведочеле и видео клипови на кои ѕвездата се забавува во друштво на ќерка си и нејзиното момче во нивната семејна куќа.

Славниот голман на Партизан пак не сакал да коментира, свесен дека неговиот син е полнолетен, само кусо одговорил дека секако на Немања не му треба дозвола од татко си за да се забавува со девојки.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска