Семинар на здружението „Таленти“ за интегрирање лица со хендикеп

Од:

Здружението за развој на дарбите на лицата со посебни потреби „Таленти“ од денеска до 12 октомври во одморалиштето „Ѕиден мост“ во Богомила организира едукативен семинар насловен „Инклузија помеѓу лицата со и без хендикеп“.

– Семинарот е од меѓународен карактер и има рамноправна застапеност од по седум лица од целната група и седум учесници без хендикеп. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат едни со други и заедно да ги решаваат дадените задачи од страна на тренерите. Лицата без хендикеп ќе имаат можност да се запознаат со лицата со хендикеп, соопшти организаторот.

Целта е да се покаже дека и лицата со хендикеп подеднакво можат да придонесуваат во општеството како и останатите граѓани и да се подигне свеста за неопходноста од нивна интеграција и вклученост.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска