Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Од:

Франција работи на обновување на врските меѓу САД и Украина со цел да се постигне „траен и цврст мир“, изјави денеска портпаролката на француската влада Софи Примас.

„Предложивме прекин на огнот. Ова е нешто што се разгледува во преговорите со САД. Франција и Европа се обидуваат повторно да ги воспостават односите меѓу САД и Украина“, рече Примас, пренесе Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција и Велика Британија предлагаат делумен едномесечен прекин на огнот меѓу Русија и Украина како дел од европските дипломатски напори насочени кон зајакнување на поддршката на Западот за Украина по тензичната средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба минатиот петок.

Би можело да ве интересира

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени