ФОТО: Со донирани 2.917 парички околу Спомен куќата на Мајка Тереза собрани над 12 илјади денари

Од:

Стотици граѓани вчера во рамки на хуманитарниот настан „Круг на Хуманоста“ за само пет часа донираа 2.917 монети и го создадоа првиот Круг на хуманоста, околу Спомен куќата на Мајка Тереза, при што се собраа 12.038 денари, соопштија од Центарот за институционален развој (ЦИРа).

Собраните средства од формираниот Круг на хуманоста, како што се наведува, ќе бидат донирани за подобрување на условите за живот во станбените објекти во кои живеат млади лица без родители кои по наполнувањето на 18 години го напуштат Домот за деца без родители и живеат во изнајмени станови обезбедени од Владата.

zoran-stojkovski-dime-spasov

Покрај донираните денари, во кругот се најдоа и 174 монети од странски валути, и тоа евра, полски злоти, албански леки, хрватски куни, српски динари, босански конвертибилни марки, британски фунти, чешки круни и бугарски левови, донирани од странските посетители на Скопје пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Од ЦИРа изразуваат задоволство затоа што заедно со хуманите граѓани го оствариле тој филантропски предизвик, да се наредат една до друга донираните парички од речиси 100 метри колку што имало во периметарот на кругот околу Спомен куќата на Мајка Тереза.

– Ние нема да запреме тука со поддршката на децата без родители, и ќе направиме уште неколку акции за да обезбедиме средства за опремување на нивните живеалишта. Инаку со раководството на Спомен куќата на Мајка Тереза, веќе се договоривме следната година за уште поголем хумантирен настан за поттикнување на младинската филантропија, акција која би завршила токму на 5 септември,-Меѓународниот ден на милосрдието, изјави Зоран Стојковски, извршен директор во ЦИРа.

humanostKrug

Хуманитарниот настан го реализираше ЦИРа како една од активностите на одбележување на десетгодишнината од нивното постоење во соработка и со поддршка на Спомен-куќата на Мајка Тереза и Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он