Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Од:

Младите во Северна Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Северна Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.

Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%.

Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години.

Меѓу западноевропските земји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години.

Би можело да ве интересира

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари

Голем пожар во близина на Подгорица, спасени се 100 куќи

Црна Гора: Србија го прекрши духот на добрососедските односи, бараме итно објаснување