Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Од:

Пожарот што избувна во реонот на Рајаково Брдо кај Мркоњиќ Град, во Република Српска, и натаму е активен, а во неговото гаснење активно помагаат и припадници на Полицијата од Мркоњиќ Град.

Во Полицијата во Мркоњиќ Град било пријавено дека на локалитетот Рајаково Брдо избувнал пожар кој зафатил сува трева, ниска вегетација и дел од високата шума, пренесува РТРС.

Во гаснењето учествуваат припадници на Доброволното противпожарно друштво од Мркоњиќ Град и работници на Шумското стопанство „Лисина“, на кои им се придружиле и припадници на Полицијата од Мркоњиќ Град, соопштија од Управата.

Во меѓувреме, локализиран е пожарот кај Теслиќ, но пожарникарите, шумарите и мештаните сè уште се на терен.

Засега нема нови пожари, но силниот ветер ја отежнува ситуацијата.

Во местото Остојиќи, на подрачјето на Трново, во Сараевскиот кантон, избувнал голем пожар, чие гаснење го отежнува непристапниот и миниран терен. Професионалната противпожарна бригада на Сараево соопшти дека пожарот е ставен под контрола. Пожарот го гаснат три екипи на Бригадата со три возила, припадници на Доброволното противпожарно друштво Трново и работници на претпријатието „Сараево“. Како што се наведува, куќите не се загрозени, а овој пожар е причина за високото ниво на загадување на воздухот во делови од Сараевскиот кантон, како и за намалената видливост на отворено.

Во општина Никшиќ, во Црна Гора, пожарите беснеат на повеќе локации, а ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, пренесуваат „Вијести“.

Нови пожари, за кои постои сомневање дека се подметнати, избувнале во областа Бањани, во селата Кленак и Почеќовиќи, како и во Враќеновиќи.

Потпомогнат од силниот ветер, огнот брзо се приближил до куќи, гробишта и црква, кои пожарникарите засега успешно ги одбраниле. Сепак, огнената стихија не стивнува.

Командирот на Службата за заштита и спасување, Славко Тадиќ, ситуацијата ја опиша како хаотична.

Пожарот и натаму беснее и на Маганик, над Веље Дубоко, на непристапен терен каде што огнот зафатил густа зимзелена шума.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Босанец (29) со нож и пиштол им се закануваше на минувачи кај Колосеумот во Рим

А1он

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски