Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Од:

Основниот суд во Улцињ ја прогласи за виновна Сашка Стојановска (43) од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор.

Како што се наведува во пресудата, Стојановска на 24 јули околу 15 часот, во Улцињ, на булеварот Теута во населбата Улцињско Поле, во близина на хотелот „Хоти“, управувајќи автомобил „мерцедес“, најмалку двапати поминала со возилото преку куче од расата шарпланинец, сопственост на оштетениот.

Кучето при тоа се здобило со повреди од кои угинало.

При одмерувањето на казната, судот како олеснителни околности ги зел предвид нејзините семејни прилики, фактот дека е мајка на две деца, од кои едното е малолетно, нејзината претходна неосудуваност, како и битно намалената пресметливост во моментот на извршувањето на кривичното дело.

Намалената пресметливост била утврдена врз основа на наод и мислење на вештак од медицинска област – психијатар.

„Околности кои ја отежнуваат вината судот не најде“, се наведува во пресудата.

Судот оценил дека изречената казна е соодветна на тежината на кривичното дело, личноста на обвинетата и околностите под кои било извршено, како и дека ќе ја постигне целта на казнувањето.

Од судот посочуваат дека казната треба да придонесе и за спречување на идно противправно однесување, но и да претставува јасна општествена осуда за секој облик на мачење и убивање животни.

Во казната од 45 дена затвор на Стојановска ќе ѝ биде засметано и времето поминато во притвор, почнувајќи од 24 јули 2026 година во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора

Во Црна Гора 1 и 2 септември прогласени за денови на жалост, премиерот Спајиќ очекува убиецот да биде фатен

А1он

Полицијата трага по 30 годишен Русин – осомничен за тројно убиство во Даниловград

А1он

Три безживотни тела најдени на стрелиште во град во Црна Гора

А1он