Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Од:

Холандија побара пауза во процесот на натамошна интеграција на Црна Гора во Европската Унија, со образложение дека е потребна дополнителна анализа и доследна проверка на исполнувањето на поставените стандарди. Според подгоричкиот весник „Дан“, на барањето му се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Латвија.

Според извор на „Дан“ од Брисел, во моментов не е извесно кога би можело да продолжи процесот на затворање на преговарачките поглавја и кога би била одржана следната Меѓувладина конференција.

Во работните тела на ЕУ се водат разговори за исполнетоста на условите, а дипломатски извори наведуваат дека за продолжување на процесот е потребна согласност од сите земји-членки.

Поради тоа, се очекува претстојните разговори да бидат насочени кон усогласување на ставовите меѓу земјите-членки. Според „Дан“, извесно е дека овој месец нема да има затворање на поглавја на маргините на Советот на ЕУ, иако тоа претходно се очекуваше.

Од друга страна, како што пренесува РТЦГ, во тек се активности за обезбедување согласност за затворање на дел од поглавјата.

„Многу од тие поглавја се мошне технички и бараат секоја земја-членка да спроведе опсежни внатрешни консултации. Постои желба да се постигне напредок. Апсолутно сме сигурни во тоа и туркавме амбициозна агенда во смисла на добивање одобрение, но едноставно мислам дека ни снема време работата да се приведе кон крај. Речиси е завршена. Станува збор за факторот време, пред сè“, изјавил претставник на ЕУ.

Тој додал дека во текот на јули бил вложен значителен напор, при што биле одржани четири меѓувладини конференции за отворање кластери со Украина и Молдавија и за затворање поглавја со Албанија и Црна Гора.

Црна Гора досега има затворено 18 од вкупно 33 преговарачки поглавја.

На последната Меѓувладина конференција во јули биле затворени поглавја, а се разгледувала и можноста за дополнително затворање пред летната пауза. Сепак, Хрватска не дала согласност за затворање на поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика.

Поглавјето 31, кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика, исто така останува блокирано околу две години, при што Хрватска има резерви кон неговото затворање.

Средината на октомври како можно сценарио

Пред Европската комисија во моментов се наоѓаат девет преговарачки позиции, а министерката за европски прашања Маида Горчевиќ најавила дека до крајот на годината ќе бидат доставени и позициите за преостанатите пет поглавја.

Црногорските власти досега ја задржуваа целта процесот на преговори со ЕУ да биде завршен до крајот на годината. Сепак, актуелните разговори меѓу земјите-членки оставаат отворено прашањето за тоа кога ќе продолжи затворањето на поглавјата.

Според „Дан“, едно од можните сценарија е следната Меѓувладина конференција да се одржи во средината на октомври во Луксембург.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора