Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

Од:

Придружникот на патувањето, В.Ш., се здоби со тешки повреди, а уште четири лица претрпеа полесни повреди – меѓу кои и тројца ученици од основното училиште „Павле Ровински“ од Подгорица – по сообраќајната несреќа што се случи синоќа во близина на Мојковац, во Црна Гора.

Несреќата се случи кај 20.30 часот со автобус со кој учениците се враќаа од екскурзија.

Според информациите од полицијата, се претпоставува дека камења паднаа од ридот врз коловозот и дека возачот на автобусот се обиде да го избегне одронот, но со предниот десен дел од возилото удри во карпа.

Повредените беа пренесени во болницата во Бијело Поље бидејќи возило на брзата помош од таа болница наишло на патот токму во моментот на несреќата.

Во колоната зад тој автобус се наоѓаше уште еден автобус со ученици од основното училиште „Штампар Макарије“, а по кратко задржување, тие се упатиле кон Подгорица под полициска придружба во 21:10 часот.

Дел од децата од автобусот што доживеа несреќа беа превезени до Подгорица од приватни превозници од Мојковац, додека другиот дел е превезен со автобус на агенцијата што ја организирала екскурзијата за учениците од основното училиште од Подгорица.

Во автобусот имаше околу 90 ученици од основното училиште „Павле Ровински“.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он