Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Од:

Повеќе од 70.000 луѓе кои ги напуштија своите домови поради продолжувањето на воздушните напади на Израел врз Либан поднеле барање за засолништа, изјави денеска за новинарите министерот за внатрешни работи Басам Мавлави.

Вкупниот број на луѓе кои избегале од источен и јужен Либан веројатно ќе биде многу поголем бидејќи многумина отишле во куќи или хотели на роднини, покрај официјалните засолништа, пренесоа агенциите.

Размената на оган меѓу Израел и либанскиот екстремистички Хезболах принуди десетици илјади Либанци да ги напуштат своите домови.

Во Либан има повеќе од 90.000 новораселени лица, објавија ОН. Од почетокот на прекуграничните конфликти пред речиси една година, илјадници луѓе се раселени од двете страни.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека Либан е на работ и ги повика двете страни „да престанат со убиствата и уништувањето“.

Зголемениот притисок да се спречи избувнување на регионална војна, САД и нивните десет сојузници повикаа на тринеделен прекин на огнот на израелско-либанската граница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли информациите дека може да се воспостави итен прекин на огнот и најави дека израелската армија ќе продолжи да се бори со полна сила. Сепак, тој се уште не одговорил на американскиот предлогот, соопштија од неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите