Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека САД ќе се соочат со силен одговор доколку дејствуваат по заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе нареди бомбардирање на Иран доколку земјата не постигне нов нуклеарен договор со Вашингтон, објавија денеска иранските медиуми.

Претседателот на САД во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи на договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма.

Трамп рече дека американските и иранските претставници разговараат за ова прашање, но не даде повеќе детали.

Би можело да ве интересира

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената