Спасов: Протесот на глувите требало да се одржи пред Националниот сојуз на глуви

Од:

Денешниот протест на глуви и наглуви лица пред Министерството за труд и социјална политика се одржал по грешка, бидејќи тие барале промена во Националниот сојуз на глуви, нешто што не е во надлежност на оваа Министерство, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Пред Министерството дојдоа околу 40-ина глуви лица со кои јас утрото остварив средба. Со претставници на овие граѓани одржав средба и пред две недели. Разговаравме за нивните проблеми, а исто и денеска. Бев информиран, всушност дека тие и по грешка дошле пред Министерството, бидејќи бараа промени во Националниот сојуз на глуви. Тоа е независен орган, здружение на граѓани во кое што ние како МТСП немаме ингеренции да се мешаме во внатрешното функционирање. Ги охрабруваме сите глуви лица коишто се членови на Националниот сојуз промените што ги бараат да ги бараат внатре во самиот Сојуз во согласност со неговиот Статут, рече министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Додаде дека ги известил овие граѓани оти глувонемите лица ќе добијат ново право кое што досега никогаш го немале.

– Станува збор за ново право кое што дополнително го зголемува буџетот на МТСП за 2014 за цели 42 милиони денари на годишна основа, односно тотално глувонемите лица од јануари 2014 година ќе добиваат по 4.000 денари месечно. Не велам дека со тие средства се решаваат сите проблеми, меѓутоа значително им се помага да ги надминат проблемите со коишто се соочуваат, меѓу кои што и обезбедување на толкувачи, рече Спасов.

Дополнително, додаде Спасов, со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица била договорена динамика да почнат континуирано да се спроведуваат обуки и сертифицирање на толкувачи, надлежност која што е во рамките на Националниот сојуз за глуви лица.

– Мислам дека во  нарениот период доста од барањата на овие граѓани коишто 40-ина се собраа утрово дека ќе бидат решени. Јас и натаму ќе остварувам средби со загрозените категории на граѓани со цел да изнаоѓаме најразлични начини како дополнително да им ја зголемиме помошта и поддршката. Навистина ми е жал што, едноставно и самите кажаа дека по грешка бил нивниот собир пред МТСП, меѓутоа и понатаму се договоривме да остваруваме средби на коишто континуирано ќе работиме на подобрување на нивната состојба, рече министерот Диме Спасов.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска