Во рамки на акцијата „Топол дом“ што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и општината Гевгелија, денеска беа испорачани две донации во Миравци и Гевгелија.
За многудетно семејство од Миравци еден гевгеличанец донираше комплет спална соба, а на дете без родители од Гевгелија, корисник на социјална помош, му беа донирани трпезариска,компјутерска и кујнска маса.
Целта на акцијата е граѓаните кои имаат предмети што не им се потребни, да им ги донираат на оние на кои им се неопходни за живот.