Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Над 44 отсто од гласовите во обработени 714 гласачки места се за кандидатката за претседател од ВРМО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ. Следен, со нешто над 19 отсто е актуелниот претседател и кандидат од СДСМ за втор мандат, Стево Пендаровски, а трет со 13 отсто е кандидатот од ДУИ, Бујар Османи.

Арбен Таравари од коалицијата Вреди добил околу 9 проценти од гласовите, додека пак Максим Димитриевски од ЗНАМ во обработените 349 гласачки места има 7 отсто. Следна е Билјана Ванковска со четири отсто, неважечки ливчиња има над 2 отсто, додека пак кандидатот од ГРОМ, Стевчо Јакимовски на овие избирачки места има под еден отсто.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија