Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Од:

Првата дебата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски го отвори прашањето во Грција, дали ќе се почитува Преспанскиот договор. Грчкиот „Катимерини“, кој важи за близок до владејачката Нова демократија излезе со текст во кој се вели дека договорот од Преспа е оспорен во предизборието од страна на претседателот на ВРМО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија кажа дека ако биде избран за премиер, ќе ја нарекува државата само како Македонија, без оглед на Преспанскиот договор од 2018 година, со кој се реши проблемот со Грција за името на земјата“, пишува Катимерини.

Весникот наведува и дека Ковачевски посочил оти одбивањето да се користи додавката може да предизвика проблеми со имплементација на договорот, со кој државата од привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, сега е призната од сите држави со додавката.

Во текстот, се цитира Мицкоски кој вели: „За мене, Македонија е и ќе остане Македонија. Моите предци би биле горди на мене за она што го правам за мојот народ и мојата земја“.

Катимерини се повикува и на анкетите кои покажуваат предност на ВМРО-ДПМНЕ, кои пак се оспорени од владејачката СДСМ, нарекувајќи ги „нарачни од штабот на опозицијата“.

Би можело да ве интересира

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија