Морничави детали од трагедијата во Нови Сад: Обредни египетски симболи и црна марама во дворот

Од:

Лав (25) и Мартина (23) ги убиле своите деца во изнајмена куќа во Петроварадин, а потоа заедно скокнале од висококатница во Нови Сад. Тие планирале да започнат нов живот во овој град, но го завршиле на најсуров можен начин.

Истрагата за оваа трагедија открива се поморничави детали. Младиот брачен пар живеел во изнајмена куќа, но ретко комуницирале со соседите.

Вниманието околку изнајмената куќа, чиј сопственик неодамна починал, привлекува чудна црна марама која се уште се вее над вратата. Во подрумот во куќата, наводно, парот изведувал сатанистички ритуали. Сектолозите од Србија толкуваат дел од симболите кои биле пронајдени во подрумот на куќата.

Имено, се работи за пагански ритуали кои ги оттргнуваат луѓето од традиционалниот начин на живот и ги втурнуваат во страшни одлуки, како што се убиство на своите деца и заедничко самоубиство.

Истрагата е во тек, а засега се знае дека парот ги отрул своите деца со отров против паразитски билки, кои воопшто и ги немало во дворот. Наводно, полицијата која дошла на увид била во шок од сцените со црни ѕидови и чудни симболи.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Руски наредник уби командант и пет војници