Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Од:

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари ги поканил на средба членовите на Централното собрание, дознава А1он. Партиски извори тврдат дека не се работи за закажано Собрание, туку само за средба, а доказ за тоа е и поканата која ја добиле. Доколку има обид да се претстави како Централно собрание, тогаш дел од партиските членови ќе го сметаат за нелегитимно, бидејќи статутарно, Собранието е закажано за во сабота.

„Централното собрание според статутот е во сабота во 13 часот. Поканата која ја добивме е доказ дека не е Собрание“, велат изворите на А1он.

Во меѓувреме, нема официјален партиски став, дали средбата закажана од страна на Таравари ќе биде претставена како Централно собрание, односно обид да се претрка претходниот лидер на партијата и актуелен Претседател на Централното собрание на Алијансата, Зијадин Села, кој го закажа Централното собрание за во сабота, кога и треба да падне одлуката, дали партијата ќе настапува самостојно на парламентарните избори, како што предлага Села, или пак во коалиција со Европскиот сојуз за промени предводен составен од Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши, како што предложи лидерот Таравари.

А1он неколку пати се обиде да добие одговори од Таравари за партиските случувања, но одговори не добивме.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов