Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Од:

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, им се обрати на европските претставници, меѓу кои и на комесарката за проширување Марта Кос, како и на сите политички групи во Европскиот парламент поради предизборниот спот што го објавија студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград. Таа ги повика да ја погледнат снимката и да проценат дали таа промовира демократски вредности.

Станува збор за спотот со наслов „Србија не го сакаше“, кој студентите го објавија на 19 септември. Во црно-белата снимка во центарот е Александар Вучиќ, а во неа се прикажани пораки од граѓани кои велат дека не го сакаат за претседател и дека не е добредојден.

Ана Брнабиќ го нарече спотот „монструозен“ и остро реагираше. Во спотот, меѓу другото, на Вучиќ му се заканува со затвор, а во последната сцена е прикажан сапун под затворски туш, што Брнабиќ го протолкува како закана со силување.

„Завршната сцена со сапунот во затворската ќелија е директна закана кон секој што има поинакви политички ставови, а во овој конкретен случај кон Александар Вучиќ, дека ќе биде силуван и дека таквиот вид казнување ќе се слави и промовира“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа X.

Таа ги повика граѓаните на Србија да го запомнат видеото, за кое тврди дека претставува досега невидена „омраза, болест и нехуманост“.

„Секој од нас мора да го види и сите заедно мора да запомниме дека едно човечко суштество на овој начин се дехуманизира, како што тие го дехуманизираат Вучиќ, и дека му се закануваат на ваков болен и одвратен начин“, порача Брнабиќ.

Својата објава ја заврши со порака за поддршка на Вучиќ.

„Засекогаш сум со Александар Вучиќ – пријателот, борецот кој го посвети животот на Србија. И знајте дека никогаш нема да биде сам и дека на таквите како вас секогаш ќе ви се спротивставуваме – со обиколување на Србија, разговор со луѓето, план и програма за иднината, со љубов наместо вашата болна, одвратна омраза“, заклучи Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

„Радар“: БИА ги прислушувала критичарите на Вучиќ – под надзор биле студенти, опозиционери, синдикалци и обвинител

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Вучиќ: „Студентската листа“ сака да ги укине сите традиционални вредности на Србија

А1он

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ