Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска најави дека неговата партија ќе мора да отвори „темелни и многу долгорочни прашања“, еден ден откако ЦДУ за првпат во својата 81-годишна историја не успеа да влезе во еден покраински парламент.

Христијанско-демократската унија вчера за првпат во својата 81-годишна историја не успеа да освои места во еден покраински парламент. На изборите во Мекленбург-Западна Померанија освои 4,9 отсто од гласовите, помалку од потребните пет проценти за влез во покраинското собрание.

На тие избори победи Алтернатива за Германија (АфД) со околу 38 отсто од гласовите, додека социјалдемократите завршија на второто место со 35 отсто. ЦДУ го загуби и градоначалничкото место во Берлин. Во германската престолнина победи партијата Левица со 43 отсто од гласовите.

Мерц признава проблеми, но не најавува оставка

Лошите резултати, заедно со оние од почетокот на септември во Саксонија-Анхалт, поттикнаа шпекулации за политичката иднина на Мерц. На изборите во таа покраина АфД освои 43,8 отсто од гласовите, а ЦДУ 17,2 отсто.

„Да бидам сосема отворен, повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања. И тоа е нешто што ќе мораме и треба да го промениме“, рече Мерц, кој е канцелар од мај минатата година. Резултатите од вчера ги опиша како голема пресвртница.

На прашањето дали сè уште има доволно поддршка во сопствената партија, Мерц рече дека „никој“ од раководството на ЦДУ по резултатите не отворил „никакви кадровски прашања“.

Тој го поздрави и тоа што социјалдемократите, помладиот партнер во владејачката коалиција, утрово потврдија дека остануваат посветени на коалицијата и покрај тешкиот пораз на ЦДУ, пишува ДПА.

„Тоа ќе биде историска мисија“

Следните парламентарни избори во Германија мора да се одржат најдоцна до февруари 2029 година.

И покрај лошите резултати, Мерц најавува продолжување на работата на неговата влада, додека АфД тврди дека владата ќе падне пред крајот на оваа година, пренесува Франс прес.

На прес-конференцијата во Берлин, Мерц се осврна и на поновата германска историја. Тој рече дека Германија го напуштила национализмот со Конрад Аденауер, христијанско-демократскиот канцелар кој се смета за симбол на прекинот со нацистичкото наследство по падот на Адолф Хитлер.

„Тоа ќе биде историска мисија, особено за владејачката коалиција во Берлин, но пред сè за партијата што ја водам, да обезбедиме и во иднина да останеме земја цврсто втемелена во европската политика“, рече тој.

„Станува збор за ништо помалку од демократската иднина на нашата земја“, заклучи Мерц.

Би можело да ве интересира

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“