Обвинителството не бара притвор за адвокатот на Палевски, но ги продолжува проверките дали бил инволвиран

Од:

Јавното обвинителство проверува дали адвокатот Васко Стојков кој го однесе во Србија, Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски има инволвираност во кривично-правниот настан, но засега за него не е побарана мерка за обезбедување.

„За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат“, велат од обвинителството.

Откако се објави дека Палевски е првоосомничениот за убиството на Вања и Жежовски, адвокатот Стојков за дел од медиумите кажа дека не ја знаел таа информација и оти Палчо му кажал дека треба да оди на лекар во Белград, а нема автомобил.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски