Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Од:

Обвинителството за гонење на организиран криминал дало налог да се приведуваат неколкумина во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, како осомничени во предистражната постапка „Синџир“, под сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии.

„Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството  што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, велат од ОЈО.

Од таму посочуваат дека по завршување на акцијата, обвинителството детално ќе информира за предметот.

Би можело да ве интересира

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Павле Трајанов: Ќе го доставиме предлог законот за една изборна единица до парламентот

Левица: „Белата палата” со притисоци за создавање на партиски синдикати во претпријатијата

Притисоци, закани, полиција..Какво општество и луѓе можат да одземаат четиригодишно дете од мајка?

Предраг Петровиќ

Миле Тодоров од Неготино е исчезнат во јануари, виден e кај планината Серта

А1он

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка