Доајенот на македонската народна песна – Јонче Христовски добива споменик во Старата битолска чаршија.
Свеченото откривање на споменикот се очекува да биде во рамките на прославата по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
Христовски е роден во Битола во 1931, а почина во 2000 година во Скопје.

Се прослави со својата песна „Македонско девојче“ чии препеани верзии се појавиja на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик.
Впечатливи му бea и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“.
Како најзапаметени, со огромна популарност се песните „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“’, „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и многу други.
