Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

Од:

Силниот ветер кој од утрово дува на подрачјето на Битола предизвика проблеми на повеќе локации во градот.

Две девојчиња се повредени од искршено стакло, излог на јавна институција во центарот на градот, а пожар е регистриран во населбата Лавци, каде интервенираше екипа на Територијалната против пожарна единица, изјави командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.

Од силниот ветер срушени се повеќе дрва низ градот и околината, потврдија работници на ЈП „Комуналец“ Битола кои се на терен, а во Нова Битола скршено дрво предизвика материјална штета врз автомобил. Локацијата заради поголема безбедност на населението ја обезбедува сообраќајна полиција.

Од Управата за хидрометеоролошки работи потврдија дека најсилните удари на ветерот се регистрирани утрово на мерната станица Тополчани кои достигнале до 86 километри на час, а во 13 часот во Битола евидентирани се удари на ветерот од 54 километри на час.

Би можело да ве интересира

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки