Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Од:

Почина Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во македонското Собрание и министер без ресор во Владата.

Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што со емотивна порака се простија од Ибраимовски, кој со децении беше дел од политичкиот живот во земјава и еден од препознатливите претставници на ромската заедница.

Ибраимовски зад себе остави долгогодишна политичка кариера. Беше на чело на ПЦЕР, партија преку која се залагаше за подобрување на положбата на Ромите и поголемо учество на припадниците на оваа заедница во политичкиот и општествениот живот.

Во периодот од 2011 до 2015 година беше пратеник во Собранието, каде што учествуваше во работата на повеќе комисии, меѓу кои Комисијата за локална самоуправа, Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за уставни прашања.

Во 2017 година ја презеде функцијата министер без ресор во Владата, со задолжување за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија. На таа функција остана до декември истата година.

Роден е на 27 септември 1954 година во Тетово, а високо образование стекнал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад.

Покрај политичката кариера, Ибраимовски извршувал и раководни функции во различни институции и организации, меѓу кои и во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје.

„Денес нè напушти човек кој остави свој белег во политиката“, се наведува во прошталната порака на „Рома Прес“.

Засега не се објавени информации за причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници