Денеска во Минхен започна 188-от Октоберфест, каде што милиони посетители годинава ќе треба да издвојат повеќе пари за литар пиво, имајќи го предвид зголемувањето на цената од околу шест отсто во однос на минатата година.
Со традиционалниот извик „Озапфт е“ (Се излева), градоначалникот на баварската престолнина Дитер Ритер денеска точно напладне на чешмата ја донесе првата пинта од овогодинешниот Октоберфест, со што и официјално го означи почетокот на традиционалниот 18-дневен фестивал, објави АП.
Посетителите облечени во традиционални кожени панталони и фустани дирндл се собраа рано во десетици шатори кои чекаа да го испијат своето прво пиво пиво.