„Октоберфест“ дефинитивно откажан, втора година по ред

Од:

Најголемиот и најпознат светски фестивал на пивото, „Октоберфест“, кој требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври во Минхен, е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер.

Според него, здравствената ситуација и понатаму е многу небезбедна за да може „најголемиот од сите собири“ да се одржи оваа есен.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер ја оцени таквата одлука како „горчлива“, но додаде дека таа не е изненадувачка.

Октоберфест секоја година привлекува околу шест милиони гости, од кои многумина доаѓаат од странство.

Би можело да ве интересира

Поради невремето откажани над 150 летови во Германија, локалните патишта се покриени со снег

Горан Наумовски

Спречен терористички напад во Германија

Претреси во четири германски сојузни покраини, акција против радикалните исламисти

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он

ВИДЕО: Голема акција во Германија, полицијата влегува во џамии

Почина тинејџерот кој беше застрелан од другар на училиште во Германија

Горан Наумовски