Гори депонијата Дрисла во близина на Скопје, а црн густ чад ги вознемири граѓаните утрово во Батинци, Драчево и Пинтија.
Локалните жители објавија видео на социјалните мрежи, на кое се гледа чад кај депонијата Дрисла. Гграѓаните стравуваат дека се работи за горење на медисински отпад кој може да е канцероген.
„Добро утро, денеска е 5 септември. Луѓе, еве што се случува во депонија Дрисла. Вчера го пуштија езерото да истече во река за да бидат легални и да немаат проблеми со инспекциите и со други институции, а денеска е запалена депонијата Дрисла.
Што се случува? Од сабајле од 5.20 часот ни пишуваат луѓе дека е запалена депонијата. Дали гори печка, дали се запалила печката, што горат, се јавивме на некои места за да прашаме каков е овој чад. Ни кажаа дека чадот е страшен и може да биде канцероген.
Ги молам сите институции да се вклучат и ова да се спречи. Бидејќи ова го загадува Батинци. Еве како почнува од Батинци, Пинтија, Драчево, Лисиче, Аеродром. Еве каде овој чад.
Или намерно ова го палат за да ги покријат нелегалните работи што ги имааат во депонија. Јас сум убедена дека е тоа, сакаат да запалат нешто што не смеат инспекторите да го најдат. Дали е медицински отпад што го затрупале, не знаеме, но важно од утрово има страшна реа, страшен чад се почувствува кај нас, луѓето се исплашени, не знаат што да прават.
Ако продолжи ова да чади, ќе мора да го повикаме народот да се повлече накај Китка, да не го дише овој чад, ако е канцероген, барем од ова да се спасат“, вели Сенит Браховиќ, граѓанин кој утрово снимил видео за социјалните мрежи.
Од Центарот за управување со кризи се дека активни пожари во државава нема.
„Пожари во државата нема, освен што имаме известување дека чади од депонијата „Дрисла“ во Скопскиот регион“, велат од ЦУК.